Поефтинува фиксното „АЛО“

19.02.2014 15:16

Само еден денар за минута ќе чини фиксното „ало“ во меѓуградскиот сообракај...

Од први март поефтинуваат повиците од фиксен кон мобилен телефон , од 10 на седум денари, соопшти Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
 
Само еден денар за минута ќе чини фиксното „ало“ во меѓуградскиот сообракај.
 
Граѓаните сеуште најмногу поплаки упатуваат за високите сметки од телекомуникациските оператори и нивните наградни игри.
 
„Ако не работат според законот, ќе се соочат со високи казни“ предупредува извршниот директор на АЕК, Робер Ордановски. 
 
Сузана Фиданска- Стоевска