Саниран главниот канал за доставување технолошка вода до РЕК Битола
По две години, саниран главниот канал за доставување технолошка вода до РЕК Битола. Санирани се критичните точки настанати по свлечиштето. Инвестицијата изнесува 46 милиони денари...

ХМС Стрежево решава еден од најгорливите проблеми. По две години од големото свлечиште, во финална фаза се санацијата на главниот канал со кој се водоснабдува градот и цевководот, по кој се врши дотур на технолошка вода до РЕК Битола. Во тек е хидрауличното тестирање на бетонскиот дел од градбата, по што ќе следи полнење на цевководот и пробно пуштање на водата до РЕК Битола.
Во изминатиов период технолошката вода се доставуваше преку алтернативни канали, но во помали количини. Со инвестицијата од 46 милиони денари се санирани најоштетените точки од 18 километарскиот водовод.
„Ние темелно интервениравме на 110 метри оштетување на главниот доводен канал, сега вршиме испитување за да се увериме во исправноста“, вели техничкиот директор на ХМС Стрежево, Јован Дојчиновски.
„Тоа беше голем императив на влезот од грејната сезона, да овозможиме технолошка вода во поголеми количини за нашиот најголем енергетски потенцијал, како со полн капацитет би работели трите термоелектрани“, вели в.д. директорот на ХМС Стрежево, Методија Граматковски.
Грамотковски вели дека веќе треба да се размислува за изградба на нов цевковод од акумулацијта, за да не се повторуваат ваквите состојби.
Стевче Митревски
