ЕП: Стратешки фокус на Западен Балкан

13.12.2017 15:43

ЕУ треба да продолжи со своите амбиции во регионот на Западен Балкан, со што ќе даде нова динамика на веродостојна политика за проширување, се вели во најновиот извештајот на Европскиот парламент. Се истакнува и потребата својот „стратешки фокус“ повторно да го стави на Западен Балкан. Вратите на Унијата се отворени за членство на држави од Западен Балкан, штом ќе ги исполнат условите за тоа...

Претседавачот со Комитет за надворешни работи, Дејвид МекАлистер, ја нагласува потребата за повторно Западниот Балкан да стане стратешки фокус, со препознавање на фактите дека ЕУ би требало да продолжи со своите амбиции во регионот, давајќи притоа нов поттик за веродостојноста од политиката на ЕУ за проширување врз основа на критериумите од Копенхаген и да се зајакне владеењето на правото и отпорноста на државните институции.

Во резолуцијата ЕП се залага за интензивирање на напорите за подобрување на социо-економската и политичката ситуација во регионот. Откако ќе бидат исполнети овие критериуми, ќе се отвори патот за пристапување кон Унијата на земјите од Западен Балкан при што се поздравуваат неодамнешните напори направени во рамките на Берлинскиот процес и Самитот во Трст, за да даде нов поттик за приближување на земјите од Западен Балкан со цел да се приклучи кон Унијата.

ЕП понатаму смета дека треба да им се посвети посебно внимание и поддршка мора да се дадат за примена на клучните институционални и политички реформи на Западен Балкан. ЕК е повикана да разгледа издвојување нови средства во Инструментот за претпристапна помош, како еден од најважните механизми за поддршка на наведените реформски процеси, се заклучува во делот на извештајот посветен на Западен Балкан.

 

Тони Гламчевски, дописник од Стразбур за МРТ