Со одржливи партнерства до подобар живот на ранливите категории

13.12.2017 15:46

Од Црвениот крст велат дека изминативе години соработувале и спроведувале заеднички иницијативи со над 30 компании. Излегле во пресрет на над 10.000 корисници на услуги на годишно ниво...

Соработка и спроведување на заеднички иницијативи со над триесеттина компании досега. Сето тоа придонело да се излезе во пресрет на над десет илјади корисници на услуги на годишно ниво. Од Црвениот крст велат дека преку соработката со партнерските организации се воспоставуваат одржливи партнерства и се обезбедува проектна поддршка за општествено социјални програми за подобрување на квалитетот на живот на ранливите категории во заедницата.

„Од посебно значење е грижата за ранливите групи и нивното интегрирање во општеството , а локалните власти најдобро знаат на кого му е потребна поддршка и на кој начин може да се реализира“, рече министерот за локална самоуправа, Фазлиу.

Ресорниот министер посочи дека за наредната година Министертвото за локална самоуправа во својот буџет одредило три милиони денари за имплементација на локалните акциски планови за спроведување на стратегијата за интерграција на Ромите.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска