Рочиште за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски

13.12.2017 15:49

Обвинетите се од специјалното јавно обвинителство во случајот „Таргет- Тврдина“.

На рочиштето затворено за јавноста, во Солун се разгледува барањето на македонските власти за екстрадиција на поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Обвинетите се од специјалното јавно обвинителство во случајот „Таргет- Тврдина“.

На 17-ти мај ќе продолжи судењето за фалсификуваните пасоши на Грујевски и Бошкоски, со кои имале намера да пребегаат во Будимпешта. Двајцата беа уапсени пред два месеца на солунскиот аеродром.