Тензична расправа за Законот за употреба на јазиците

13.12.2017 15:58

Атмосферата во Комисијата за европски прашања жестока и без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. БЕСА го обвини Артан Груби дека манипулирал за да нема дебата за Законот за употреба на јазиците. Расправата прекината. За амандманите повторно ќе се расправа на 25-ти декември...

Во вжештена атмосфера по само половина час расправа, прекината седницата на Комисијата за европски прашања, на која почна разгледувањето на амандманите за Законот за употреба на јазиците.

До ваквата ситуација дојде откако претседателот Артан Груби не даде збор на подносителот на првиот амандман кој се разгледуваше, туку на Вејсел Мемеди од НДП и се продолжи со реплики. За БЕСА ова е манипулација за да има бесконечни препукувања и да се оневозможи дебата во Комисијата.

За Груби, пратениците од БЕСА го нарушиле текот на работата на Комисијата. Следната расправа ќе ја закаже на 25-ти декември.

Министерот за правда не го прифати амандманот на БЕСА во насловот наместо јазиците да гласи Закон за албанскиот јазик. Поради атмосферата во Комисијата, пратениците не гласаа за амандманот.

 

Миле Ристески