Аларматно ниво на загаденост во Скопје
Надлежните велат- проблемот со аерозагадувањето е комплексен, потребно е системско решение. Последниот инспекциски надзор над Дрисла покажа дека во септември и во октомври се надминати параметрите за емисија на јагледор моноксид.

Алармантно ниво на загаденост на воздухот во главниот град. На сите мерни станици регистрирани неколкупати повисоки концентрации на штетните честички.
Надлежните велат- проблемот со аерозагадувањето е комплексен, потребно е системско решение. Последниот инспекциски надзор над Дрисла покажа дека во септември и во октомври се надминати параметрите за емисија на јагледор моноксид.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, истакна дека една од мерките кои се преземени е затворање на печката на Дрисла, како и неколку изречени казни од страна на инспекторите на терен. Тој најави нова мерка која утре ќе ја презентира на прес-конференција.
Инаку Шилегов денеска потпиша анекс на меморандум за соработка со францускиот амбасадор и министерот за животна средина и просторно планирање, за изградба на пречистителна станица за отпадни води во главниот град.
