Претседателот Иванов на средби со бразилски парламентарци

14.12.2017 10:36

Билатералните односи меѓу Македонија и Бразил и можностите за нивно продлабочување, особено во сферата на парламентарната соработка биле теми на разговор на средбите во Бразилија на македонскиот претседател Ѓорге Иванов со претседателот на Комитетот за надворешни работи и национална одбрана во Федералниот Сенат и поранешен бразилски претседател, Фернандо Колор де Мело...

Претседателот Иванов оствари средба со Фернандо Колор де Мело, претседател на Комитетот за надворешни работи и национална одбрана во Федералниот Сенат и поранешен претседател на Бразил.

Соговорниците констатирале дека е неопходно унапредување на договорната рамка меѓу двете земји. Биле разгледани иницијативите за склучување меѓусебни договори во културата,  научната и технолошка соработка, воздушниот сообраќај и инвестициите.

Иванов истакнал дека Република Македонија придава особено значење на билатералните односи со Бразил и како јасен знак во таа насока го потенцираше отворањето на македонската амбасадата во Бразилија.

Во рамки на официјалната посета на Бразил, претседателот Иванов се сретна со Рикардо Изар, пратеник во Долниот дом на Националниот конгрес, еден од кандидатите за претседател на парламентарната група за пријателство меѓу Македонија и Бразил.

Иванов е прв Претседателот на Република Македонија кој престојува во официјална посета на Бразил, чиј повод е свеченото отворање на македонската амбасада во Бразилија.