Магла и енормно загадување во Скопје
Загаденоста на некои мерни места во главниот град и во неколку градови од земјава е поголема и за десет пати. Многу високо ниво на канцерогените ПМ10- честички и ПМ2,5- честички има во Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба и Ректорат.

Видливост од 15 до 20 метри- ова особено се однесува на скопската котлина, а од УХМР велат дека магла има и низ неколку котлини во земјава. Само во Скопје се случиле десетина сообраќајки во утринските часови.
Загаденоста на некои мерни места во главниот град и во неколку градови од земјава е поголема и за десет пати. Мерните единици покажуваат енормно зголемување на ПМ10 честичките, кај Ректорат 395 микрограми на метар кубен, Карпош 383, Центар 316, Лисиче, 291 и Гази Баба 261. Има извесно надминување и во Куманово, 124 микрограми на метар кубен, како и во Велес,106.
Сообраќајот се одвива по влажни коловози, но густата магла го попречува нормалното возење. Според концесионерот на македонските аеродроми, полетувањата и слетувањата се одвиваат според распоредот. Единствено доцни летот од Истанбул.
