Норвешка воведе дигитално радио

14.12.2017 11:13

Противниците на новата идеја велат дека ќе се борат со технички проблеми, недоволна покриеност на територијата и висока цена за корисниците кои мора да купат нови скапи приемници или адаптери.

Норвешка е првата држава во светот која го исклучи националното емитување на радиото, и премина на дигитално радио. Со тоа се добива подобар квалитет на звукот, поголем број канали и повеќе функции за осумпати пониска цена на дифузијата.

Противниците на новата идеја велат дека ќе се борат со технички проблеми, недоволна покриеност на територијата и висока цена за корисниците кои мора да купат нови скапи приемници или адаптери.

Таква промена е најавена и во Швајцарија, Данска, Британија и други држави.