Грција: Штрајк против економските мерки и социјалните реформи

14.12.2017 12:19

Блокиран е железничкиот и морскиот сообраќај во земјата, а градскиот сообраќај се одвива на неколку часа. Летовите се откажани, а болниците примаат само итни случаи. Железничарите протестираат против приватизацијата на секторот, а штрајкот е поддржан и од јавната администрација.

Грција е повторно блокирана поради генерален штрајк на синдикатите во земјата против економските мерки и социјалните реформи.

Блокиран е железничкиот и морскиот сообраќај во земјата, а градскиот сообраќај се одвива на неколку часа. Летовите се откажани, а болниците примаат само итни случаи. Железничарите протестираат против приватизацијата на секторот, а штрајкот е поддржан и од јавната администрација.

Планирани се и протести низ целата земја против невработеноста и високите даноци.

Штрајкот е против мерките за зголемување на конкурентноста на грчкиот пазар. Тие се дел од пакетот за ограничувања, договорен во рамки на третата помош што земјата ја добива по финансиската криза во 2010 година.

Мерките опфаќаат ограничувања во врска со правото на синдикатите да организираат штрајк и зголемување на можноста на работодавачите да ги отпуштаат работниците.

 

Марина Ристова