Путин ќе се кандидира за нов мандат

14.12.2017 12:56

Рускиот претседател порача дека политичката клима во Русија мора да биде конкурентна, а политичкиот систем да биде избалансиран.

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека ќе се кандидира на претседателските избори во март како независен кандидат во Русија. Не изнесе детали за програмата, а не е назначен ни шеф на неговиот изборен штаб.

Порача дека политичката клима во Русија мора да биде конкурентна, а политичкиот систем да биде избалансиран.

Планира да ја модернизира Русија со флексибилен политички систем.