Шекеринска за Би-Би-Си: Македонија повторно е позитивен балкански пример за ЕУ и НАТО

14.12.2017 14:55

Со вистинска политика и со вистинско лидерство, можете земјата да ја направите посилна. Македонија доживеа продолжена политичка криза која траеше три години, но од неа излеговме посилни, изјави министерката за одбрана Шекеринска во интервју за британскиот сервис Би-Би- Си...

Македонија доживеа продолжена тригодишна политичка криза, имаше недостиг на борба против корупцијата и притисок врз медиумите, соперниците, бизнисите. Како мала земја, Македонија сепак брзо ја поврати сопствената сила, за седум месеци- ова го изјави министерката за одбрана Шекеринска во интервју за британскиот сервис Би- Би- Си, одговарајќи на прашањето, зошто Македонија посакува члнество во ЕУ.

Нашата земја, истакна министерката, е земја на различности, од етнички, религиозен и политички аспект и од оваа криза се кренавме како пообединета земја со поголема кохезија. И ова е тоа што го слушнав од моите колеги од Босна и Косово и од други места на Балканот, што е всушност знак на охрабрување, дека може да се преживее една ваква агонија, рече министерката Шекеринска во интервјуто.

„Со вистинска политика и со вистинско лидерство, можете земјата да ја направите посилна. Од таа причина, новата Влада навистина се фокусира на агендата на демократски промени. Сметам дека дојдовме до конкретни резултати, многу добри избори на кои ја добивме поддршката од голем дел од нашето население и сметам дека повторно сме позитивен балкански пример и за ЕУ и за НАТО“, подвлече Радмила Шекеринска во интервјуто за Би- Би- Си.

Шекеринска гостуваше во една од централните информативни емисии на Би- Би- Си Њуз- „Beyond 100 Days“.