Минимален гарантиран доход за намалување на сиромаштијата
Како да се намали сиромаштијата? Тема на конференцијата за социјални иновации, на која што е претставена студија за вовдедување минмален личен доход.

Сиромаштијата да се намалува со воведување на минимален гарантиран доход, предлагаат економистите од земјава по спроведените истражувања. Сметаат дека не се влијае во позитивна насока за намалување на нееднаквоста на доходот и ќе ги извлече сиромашните слоеви од таа состојба. Се очекуваат поволни ефекти врз пазарот на труд.
Универзитетските професори советуваат државата да ја финасира реформата. Според пресметките, оваа реформа би чинела 250 милиони евра. Професорите велат дека иако се работи за релативно скапа програма, сепак од неа ќе излезат заштеди во системот.
Предлогот е овој концепт да се воведе од септември в година.
Наташа Јанчиќ
