Николовска: Секој надлежен за распределувањето на судските предмети и судиите треба да одговара
Секој надлежен за распределувањето на судските предмети и судиите треба да одговара, тврди поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Николовска. Реформите не можат да се засноваат врз некои пресуди, а граѓанските и управните предмети треба да се стават под лупа на јавноста, оценува таа...

Во Советот за реформи некои комисии работат со полна пареа, но тоа не е случај со Комисијата за повторување на кривичните постапки, вели Николовска бидејќи има дилеми дека и граѓанските и управните предмети треба да се под лупа. Експертите не сакаат да дискутираат за политичката димензија и политичкикот пристап во реформирањето на судството. Сметаат дека ртеформите треба да се полезни за граѓаните.
Пресудите од Стразбур треба да служат како урнек во примената од нашите судови. Тие преставуваат сигнал за државата и институциите до каде се со реформите, велат дел од нив.
Експертите дадоа свои мислења дополнувајќи ја анализата- спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права од 2013 до 2016.
Фиљана Кока
