Чешка ѝ донира 45 возила на полицијата

14.12.2017 15:12

Досега во обезбедувањето на границата учествувале 534 чешки полициски службеници.

За контрола на јужната граница, Чешката Република ѝ подари на македонската полиција 45 возила вредни речиси милион евра. Досега во обезбедувањето на границата учествувале 534 чешки полициски службеници.

Република Чешка особено во време на мигрантската криза даде извонреден придонес за зајакнување на капацитетите на македонската полиција. Нивната финансиска и материјално-техничка помош веќе надминува два милиона евра. Со оваа донација набавени се возила кои ќе служат и за граничната полиција, но и за полициските станици кои се во граничните подрачја со цел да се зголемиме ефикасноста на полицијата, а со тоа и безбедноста на граѓаните, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Амбасадорот Томан истакна дека Република Чешка со задоволство ѝ помага на македонската полиција и тоа ќе го прави во иднина. Соработката меѓу македонските и чешките полицајци е одлична и во следната 2018 година ќе продолжиме со истиот број полициски службеници, истакна Томан.