Законот за јазици предизвикува несогласување
14.12.2017 15:14
По ВМРО-ДПМНЕ, и БЕСА од денеска не учествува во расправата.

Во собранието продолжи седницата на Комисијата за европски прашања, за која што вчера во вжештена атмосфера беа на работ на поостар конфликт пратениците на ДУИ и на БЕСА.
По ВМРО-ДПМНЕ, и БЕСА од денеска не учествува во расправата. Велат, станува збор за политички театар. Претседателот на комисијата Груби од ДУИ изјави дека целта на неговата партија е Законот за јазици да влезе на пленарна седница без промени.
Тој најави дека денешната седница може да трае и до полноќ.
