На берзата нема јавни понуди на хартии од вредност

19.02.2014 16:42

Според експертите причините се недоволно развиената регулатива, влијанието на банкарскиот сектор и недовршената приватизација на компаниите...

Нема интерес кај македонските компании да издаваат акции по пат на јавна понуда. Според експертите причините се недоволно развиената регулатива, влијанието на банкарскиот сектор и недовршената приватизација на компаниите.

„Влеговме во процеси во кои не беа заокружени сите институции за да може да има нормален континуитет на компаниите“, вели  Борислав Атанасовски  од Институт за овластени ревизори.

„Инициалните јавни понуди  ќе го подобрат престижот на компанијата бидејќи таа и пазарно ќе се вреднува“, вели првиот човек на Македонска берза за хартии од вредност Иван Штериев.

Инвеститорите  по енормното  намалување на каматите на орочените депозити  треба да ги посетат брокерските куќи за да најдат успешна приказна велат брокерите.

„Тоа не се случува, парите остануваат затворени, а компаниите без свеж капитал“, вели брокерот  Ѓорѓи Палевски.

Според законот за хартии од вредност јавниот повик се однесува на непознат купувач.

Огласот треба да биде објавен во средствата за јавно информирање,а  понудата да биде реализирана преку овластена берза.

Странските компании во 2012 година преку 864 јавни понуди оставриле 130 милиони долари. 

 

Дијана Ценевска