Прилеп

Одржливи модели за вработување на Ромите

14.12.2017 15:31

40 лица од ромската заедницат од Куманово и Прилеп денеска добија сертификати по нивната обука за четири занимања од градежништвото кои се бараат на пазарот на трудот. За дел веќе има побарување од бизнис- секторот, а можат и да отворат свои фирми, велат креаторите на проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите“ што го спроведоа „Хабитат Македонија“ и невладината „Дром“ од Куманово. Се одржа Саем за вработување и кариера...

Мухрем Амедов ја помина обуката за монтажа на ПВЦ дограма. Вели дека го изучил занаетот преку теоретската и пракична обука и сега со сертификатот што го доби се надева на вработување.

Амедов е еден од 40-те кои успешно ја завршија обуката, по 20 од Куманово и Прилеп за едно од четирите занимања кои се бараат во градежништвото: гипсарство, фасадерство, ПВЦ монтажа и ѕидарство.

Според Здружението за бизнис, консултација и креација, во Куманово се невработени 400, а во Прилеп 280 роми. Од 200 вклучени во проектот на возраст од 19  до 45 години, 40 успершно ја поминаа обуката.

Локалната заедница дава безрезервна поддршка. Обучените ќе може да учествуваат во проектите за вработување на Агенцијата, но и да отворат свои фирми.

Елизабета Митреска