Метео: Променливо облачно, магла по одделни котлини

14.12.2017 15:35

Попладне и во ноќните часови ќе дува засилен ветер од јужен правец на моменти на места со брзина над 70 километри на час.

Утре во Македонија се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а по одделни котлини со појава на магла.

Попладне и во ноќните часови ќе дува засилен ветер од јужен правец на моменти на места со брзина над 70 километри на час. Кон крајот на денот во крајните западни делови можна е појава на повремен слаб дожд.

Повеќе врнежи се очекуваат во сабота кога нашето подрачје ќе биде под влијание на нов влажен воздушен бран.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска