Државниот завод планира 58 ревизии во 2018-та
Државниот завод в година планира 58 ревизии. Ќе се опфатат повеќе државни институции, како и политички партии. Еден од предизвиците – да се работи на подобрување на транспарентноста на заводот...

Поголема транспарентност пред граѓаните, потреба ревизорските извештаи да ги разгледува и друго тело – ова го покажала анкета за работата на Државниот завод за ревизија, спроведена од Центарот за економски истражувања.
В година предмет на ревизија ќе бидат политички партии, Фондот за пензиско осигурување, министерства, судската власт, здравствени установи и општини, вкупно 58 субјекти. До февруари се очекува да биде готова ревизијата за Министерството за култура.
Од Центарот за економски истражувања велат дека дел од препораките за поголема транспарентност на Заводот веќе се спроведуваат.
Дијана Ценевска
