Спасовски: Имаме информации каде се наоѓаат осомничени во собраниските настани

14.12.2017 16:15

Министерот за внатрешни вели дека полицијата има информации каде се наоѓаат осомничени во собраниските настани, но чека распишување потерница за да може да постапува. Спасовски не соопшти нови детали за убиството на Јанушев. Полицијата доби Чешка донација во возила...

Полицијата чека распишување на меѓународни потерници за уште петмина учесници во собраниските настани од 27 април, за да може да постапува- изјави министерот за ватрешни, Спасовски. Посочи дека за дел од нив, МВР имало информации каде се наоѓаат.

Спасовски информира дека полицијата има и нови моменти во потрагата за убиецот на фудбалерот Јанушев, но како што рече во интерес на истрагата не открива нови детали.

Македонската полиција доби чешка донација- амбасадорот Томан предаде 45 возила во вредност од околу милион евра. Наменети се за граничната полиција и станици.

И наредната година, македонските и чешките полицајци ќе соработуваат долж јужната границата. Од 2016 година во справувањето со мигрантската криза досега биле ангажирани 534 чешки полициски службеници.

 

Наташа Гркова- Петрушевска