ЕВН-Снабдување влегува на пазарот со електрична енергија
19.02.2014 15:44
Намерата на ЕВН-Снабдување е да има најконкурентна понуда...

ЕВН Снабдување е нов субјект кој влегува на пазарот со електрична енергија со следниот чекор на либерализација.
„Во однос на цената на слободен пазар ќе се формира цената на енергијата, додека надоместоците за мрежарина остануваат регулирани и нив ќе ги одредува Регулаторната комисија за енергетика. Намерата на ЕВН-Снабдување е да има најконкурентна понуда. Ние настапуваме транспарентно и искрено“, вели Нико Берберу, директор на ЕВН-Снабдување.
Австриската ЕВН групација е присутна во 21земја и опслужува повеќе од 14 милиони корисници, а во земјава досега инвестирала 217 милиони евра во дистрибутивната мрежа.
Свето Николовски
