Откажани летови на скопскиот аеродром, магла на дел од патиштата

15.12.2017 08:08

Планираните утрински летнувања и слетувања на аеродромот „Александар Велики“ се откажани. Само еден лет е пренасочен на Приштинскиот аеродром. Намалена видливост од 50 до 100 метри има на обиколницата околу Скопје...

Маглата предизвикува проблеми во одвивањето на сообраќајот. Планираните утрински летнувања и слетувања на аеродромот „Александар Велики“ се откажани. Само еден лет е пренасочен на Приштинскиот аеродром.

Намалена видливост од 50 до 100 метри има на обиколницата околу Скопје и на патните правци Скопје- Катланово и Скопје- Граничен премин Блаце.

Метеоролозите најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди, по одделни котлини со појава на магла.

Под влијание на нов влажен бран, в сабота од пладне и ноќта кон недела, ќе врне дожд. Поради северното воздушно струење, температурата значително ќе опадне.