Заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија во Поградец
Се очекува да стане збор за прашања од областа на инфраструктурното поврзување, изградбата на Коридорот 8, за олеснување и интензивирање на размената на стоки и услуги и за зајакнување на соработката во областа на безбедноста.

Во Поградец ќе се одржи заедничка седница на владите на Албанија и на Македонија. На маса, инфраструктурното поврзување, изградбата на Коридорот 8, интензивирање на размената на стоки и услуги и јакнење на соработката во безбедноста.
Најавено е потпишување на неколку документи за соработка меѓу министерствата за надворешни работи, меморандум меѓу министерствата за внатрешни работи за соработка во внатрешната контрола и за формирање мешовит комитет за економска соработка.
Дополнително ќе биде потпишан и Меморандум за соработка во борбата против насилниот екстремизам и радикализам, како и договор за соработка во спречување кризи.
Пред 20-тина дена во Струмица заедничка седница одржаа македонската и бугарската Влада.
