Дополнетиот Предлог- буџет на собраниска седница
15.12.2017 09:56
По амандманската расправа која помина без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, владата прифати неколку амандмани.

На пленарна седница во Собранието почнува дебата за дополнетиот предлог- буџет за 2018-та година. По амандманската расправа која помина без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, владата прифати неколку амандмани.
Буџетот за следната година ќе тежи околу 3,4 милијарди евра. Растот на економијата е проектиран на 3,2 проценти. Тој е развојно ориентиран, со акцент на економскиот развој, а поголеми средства ќе се издвојуваат за еднаков третман на домашните и на странските компании и за поголеми плати на работниците, велат од ресорот финансии.
