Оружје за сириската опозиција завршувало кај ИД
15.12.2017 10:05
Според Организацијата за контрола на оружјето во конфликтни зони, документирани се десетина вакви случаи.

Пратките со оружје коишто САД и Саудиска Арабија го обезбедувале за сириската опозиција, често завршувале во рацете на терористичката група Исламска држава. Според Организацијата за контрола на оружјето во конфликтни зони, документирани се десетина вакви случаи.
Производството е во европските земји, а во повеќето случаи САД ги прекршиле договорените клаузули, забранети трансфери, предавајќи го на сириските вооружени групи.
Околу 90 проценти од оружјето и муницијата, користени од ИД во Сирија и Ирак, е произведено во Кина, Русија и источноевропски земји. Извозот на Кина и Русија е над 50 проценти, соопшти организацијата.
