Преписка на Твитер меѓу американските и руските дипломати за загадениот воздух во земјава

15.12.2017 10:34

Руската амбасада одговори на прашањето на американската амбасада: „Кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија?“ што вчера го објави на официјалниот профил на „Твитер“.

За загадениот воздух во Македонија, преписка на социјалните мрежи на американските и руските дипломати во земјава.

„Аерозагадувањето во Скопје беше толку густо денеска, што беше невозможно да се забалежи Амбасадата. Кои идеи ги имате за чист воздух во Македонија?“, напишаа на „Твитер“ од Амбасадата на САД.

Неколку часа потоа следеше одговор на дипломатите од руската Амбасада.

„Бидејќи нашите пријатели од Амбасадата на САД бараат идеи за аерозагадувањето во Македонија, ние сакаме да помогнеме со решение. Турски тек“, стои во твитот.