ВМРО-ДПМНЕ продолжува со блокади и протести
Судовите не судат по закон, туку по диктат на хунтата, стои во дописот. Од опозициската партија обвинуваат дека се ослободуваат осудените убијци од Смилковско Езеро и се подготвува меѓународна истрага за терористите од „Диво насеље“, а се ставаат во затвор искрени патриоти и политички неистомисленици.

ВМРО-ДПМНЕ и за денеска најави блокади на неколку раскрсници во Скопје и протест пред Министерството за правда. Од партијата велат дека Македонија е единствената држава во Европа во која има политички затвореници.
Судовите не судат по закон, туку по диктат на хунтата, стои во дописот. Од опозициската партија обвинуваат дека се ослободуваат осудените убијци од Смилковско Езеро и се подготвува меѓународна истрага за терористите од „Диво насеље“, а се ставаат во затвор искрени патриоти и политички неистомисленици.
Целта е да се заплаши секој кој размислува поразлично и да се онеспособи опозицијата за непречено спроведување на антидржавните политики.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи изживувањето со македонските граѓани да помине неказнето, се вели во соопштението.
