ЕУ: Продолжени економски санкции за Русија
15.12.2017 11:43
Доналд Туск, претседателот на Европскиот Совет на Твитер напиша дека одлуката била донесена на самитот во Брисел.

ЕУ ги продолжи економските санкции за Русија за уште шест месеци поради анектирањето на Крим кое, според челниците на блокот, го загрозува територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина.
Доналд Туск, претседателот на Европскиот Совет на Твитер напиша дека одлуката била донесена на самитот во Брисел. Индивидуалните санкции кон руските и украинските граѓани беа воведени во 2014 година.
Со нив се предвидува замрзнување на имот и забрана за влез на територијата на ЕУ. Русија постојано повторува дека нема продуктивност во преговори кои подразбираат казнени мерки.
