Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да дебатираат за Буџетот за 2018-та
Инаку, седницата на Собранието на која на дневен ред беше дополнетиот Предлог- буџет за 2018-та година е одложена за 22-ри декември.

Пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема да учествува во работата на Собраниската седница на која на дневен ред е буџетот за 2018-та година, ниту на другите две закажани седници.
„Нема да учествуваме поради тоа што парламентарното мнозинство не создава и не сака да создаде демократски услови за работа, затоа што се врши политички прогон на политички неистомисленици, со апсење пратеници, уметници, на луѓе кои што си ја сакаат Македонија“, изјави пратеничката Ане Лашковска.
Инаку, седницата на Собранието на која на дневен ред беше дополнетиот Предлог- буџет за 2018-та година е одложена за 22-ри декември. Наместо денешната агенда, со три најавени собраниски сесии, беше закажано продолжение на 22-та седница, на која треба да биде именуван јавниот обвинител, како и реформските закони за правосудството.
