Новата австриска Влада полага заклетва
Во Австрија се најавени и бројни демонистрации против учеството на претставниците на ФПО во Владата, како и против одредени делови од програмата на новиот Кабинет.

Членовите на новата австриска Влада составена од конзервативната Австриска народна партија (ОВП) и десничарската Партија на слободата на Австрија (ФПО), предводена од Себастијан Курц, денеска ќе положат заклетва пред претседателот Алексадер ван дер Белен.
Претседателот на Австрија наведе дека ги завршил разговорите со министрите од новата Влада и посочи дека церемонијата на полагање на заклетва ќе биде одржана денеска во 11.00 часот.
Во Австрија се најавени и бројни демонистрации против учеството на претставниците на ФПО во Владата, како и против одредени делови од програмата на новиот Кабинет.
Поради планираните протести ќе бидат зголемени безбедносните мерки во земјата. Се очекува на протестите да учестуваат илјадници лица.
