Премиерите од Западен Балкан на вечера кај Могерини
Во пресрет на Самитот на Европскиот совет, шефицата на европската дипломатија Могерини ќе се сретне вечер со премиерите од Западниот Балкан, меѓу кои и македонскиот, Заев. Во февруари наредната година, Брисел ќе ја лансира новата стратегија за аспирантите за членство од Балканот. Македонија очекува неусловена препорака и датум за отворање на поглавјата.

На покана на Могерини, шесте балкански премиери ќе вечераат во Брисел. Високата преставничка за надворшна политика ќе им ја сервира стратегијата на Европската унија за перспективите и насоките што треба да ги следи Западниот Балкан. Гостите имаат големи очекувања за унапредување на политиката по двата претходни собири, наспроти утрешниот неформален состанок. На европските партнери ќе им биде понудена единствена можност да напредуваат на евроинтегративниот пат. Во соопштението од Европската унија стои:
„Европската унија е посветена на засилување на ангажманот кон земјите од регионот со цел да обезбеди шесте држави од Западен Балкан да ги преземат потребните чекори за нивното напредување кон ЕУ да стане неповратно.“
Македонија очекува да се најде во пакет со Србија и Црна Гора во стратегијата, за кои претседателот на Европската комисија, Јункер најави можност за нивно пристапување во Европското семејство до 2025-тата. Премиерот Заев ќе има и средба со високата преставничка Могерини и билатерални состаноци со премиерите од регионот.
2018-та ќе биде клучна во процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан, а Европската унија мора повторно да го покрене просецот на проширување, да ги убеди земјите кнадидатки и членки дека европските интеграции се во инетрес на двете страни- порача еврокомесарот Хан во говорот во грчкиот институт „Хеленска Фондација за европоска и надворешна политика“. На „Твитер“ Хан напиша:
„Влезот во Европската унија нема да падне од небо. Условите се јасни, кандидатите мора да го поминат процесот на преговори и реформи со поголема посветеност и најитно да ги решат билатералните проблеми. Треба да му се даде нов импулс на процесот на проширување на ЕУ. Балканскиот регион е веќе дел од Европската унија. треба да се делува соодветно. Поврзаноста е клучна за да се дојде до стабилност и просперитет, да се засилат економските односи и владеењето на правото“, смета еврокомесарот Хан.
Сѐ уште не се знае дали стартегијата на Европската унија што треба да биде објавена во февруари ќе го мине филтерот кај сите земји членки и ќе добие целосна подршка. Но, Брисел се надева дека и Балканските земји ќе бидат упорни во убедувањата за важност на докуементот во напредокот на Запдниот Балкан.
Високата преставника за надворешна политика Могерини по претходните средби со премиерот Заев и неговите колеги од Западен Балкан, јасно порача дека тесната соработка не значи дека работат за земјите од Западен Балкан, туку со нив разговараме и ги дефинираат чекорите што треба да ги преземат за да се се развијат инклузивни општества, добро управување и шиорки економии.
Сузана Фиданска- Стоевска
