Градоначалниците претпочитаат „Фејсбук“
Речиси сите градоначалници користат „Фејсбук“, а само петмина се на „Твитер“, покажува спроведената анализа на оваа тема. Според правилата на социјалните мрежи, „Твитер“ го користат политичарите, а „Фејсбук“ не е за толку сериозни информации. Истражувањето сработено месецов покажува дека политичарите помалку ги слушаат критиките на јавноста...

80 од 81 градоначалник користат социјални медиуми. Најактивни се на „Фејсбук“, речиси сите се прикачени на мрежата. „Инстаграм“ користат 21, а само петмина имаат свој профил на „Твитер“. Ова го покажуваанализата од тим специјалисти за социјални медиуми, изработена од 4-ти до 15-ти декември.
Најактивни се градоначалниците на Гостивар, Карпош и на Прилеп. За градоначалникот на Ранковце, не биле пронајдени податоци дека е корисник на некоја социјална мрежа. Авторот на анализата вели дека е добро градоначалниците на овој начин да ги известуваат граѓаните за нивната работа, но им порача и да ги слушаат мислењата, предлозите и критиките од јавноста.
Присуството на социјалните мрежи не е мода, тоа е важно за јавноста, вели Бојан Кордалов, специјалист за социјални медиуми. Посочи дека е потребно да се обрне внимание на квалитетот на информациите, а не самона квантитетот.
Анализата покажа и дека градоначалниците се поактивни на „Фејсбук“ од пратениците и од министрите.
Наташа Гркова- Петрушевска
