60.000 посни сарми за „Свети Никола“
Денеска е заслог пред големиот христијански празник „Свети Никола“. Дружењето, традицијата, посната сарма, блискоста се неизоставен дел од подготовката за празникот. Еден тон посни сарми подготвија прилепчанки...

Весело, посветено, со љубов и добра мисла, прилепчанки ја продолжуваат традицијата – приготвувањето мали посни сарми за патрониот празник на градот „Свети Никола“. Во манастирот „Свети Димитрија“ кај прилепското село Селце се приготвија преку 60.000 посни сарми. Домаќинките горди на умешноста.
Годинашниов домаќин, компанијата „Салида“ ги набави сите продукти за посната трпеза која ќе биде поставена во центарот на градот. За прилепчани, најбитно е што традицијата се зачувува и се пренесува на новите генерации.
Прославата на „Свети Никола“, на денот на празникот, е традиционална- со утринска литургија, чествување и заедничка посна трпеза во центарот на Прилеп.
Елизабета Митреска
