Денеска треба да се објават новите министри
Се калкулира со имињата Филипче или Костов за нов министер за здравство. Треба да се промовира и нов министер без ресор, кој доаѓа на местото на Самка Ибраимовски.

Според најавите од премиерот Заев, денеска треба да бидат обелоденети имињата на неколкуте владини функционери од првиот ешалон. Се калкулира со имињата Филипче или Костов за нов министер за здравство. Треба да се промовира и нов министер без ресор, кој доаѓа на местото на Самка Ибраимовски.
Премиерот Заев во петокот најави дека листата со кандидати за министри меѓу кои за здравство, двајца без ресор и заменик министер за образование ќе ги достави до Собранието в понеделник. Од ДУИ уште пред неколку дена информираа дека Заев и Ахмети ги завршиле преговорите за идниот состав на владината коалиција и сите прашања се затворени.
