Османи: Нема реконструкција на Владата, ќе се пополнат само испразнетите места
Ќе се пополнат само испразнетите места, вели вицепремиерот за евроинтеграции Османи. Појасни дека во тек се разговорите за комплетирање на владиниот состав.

Нема да има поширока реконструкција на Владата. Ќе се пополнат само испразнетите места, вели вицепремиерот за евроинтеграции Османи. Појасни дека во тек се разговорите за комплетирање на владиниот состав.
„Мислам дека собраниската агенда не дозволува какво било разгледување на нови предлози до 25-ти декември, така што ќе се искористат овие денови за дополнителни консултации по однос на ова прашање. Барем според тоа што до денеска е разговарано, не очекувам да има поширока реконструкција на Владата, туку начелно пополнување на испразнетите места по локалните избори“, истакна Османи.
Според најавите од премиерот Заев, денеска треба да бидат обелоденети имињата на неколкуте владини функционери од првиот ешалон. Се калкулира со имињата Филипче или Костов за нов министер за здравство. Треба да се промовира и нов министер без ресор, кој доаѓа на местото на Самка Ибраимовски.
