Богов: 2017-та е една од најслабите години од аспект на економскиот раст

18.12.2017 12:23

Очекуваме дека 2018-та ќе биде подобра, изјави првиот човек на Народна банка. Според гувернерот Богов потребна е сигурност, повеќе инвестиции и зголемување на личната потрошувачка.

2017-та година е една од најслабите години од аспект на економскиот раст во последните пет години. Очекуваме дека 2018-та ќе биде подобра, изјави првиот човек на Народна банка. Според гувернерот Богов потребна е сигурност, повеќе инвестиции и зголемување на личната потрошувачка. Вели дека се очекува нашата монетарна политика да ја следи монетарната политика на Европската Централна банка.

Остануваме на проекцијата од 0,5 проценти за 2017 година. Третиот квартал потврди дека тука некаде ќе биде растот за 2017 година. Ќе бидеме доста близу до вистинскиот раст, но тоа ќе го дознаеме во март следната година кога ќе ги имаме податоците и за четвртиот кваратал од оваа година, изјави гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.

Првиот човек на централната банка вели- за 2018-та да биде подобра на економски план,  треба да се исполнат неколку услови. А тоа се да имаме постабилен политички амбиент, да имаме сигурност што значи да се подобарт инвестициите, да се зголеми личната потрошувачка, но и да продолжи оној тек на странски дирекни инвестции што го имавме во претходниот период и кој е носител на економскиот раст, рече гувернерот на НБРМ.