ЗОИ СОЧИ

Норвешка и Бјорндален за историја

19.02.2014 23:27

Ќе остане запишано. Норвешкиот бијатлонец Оле Еинар Бјорндален е единствениот во историјата на зимските Олимписки игри со 13 медали, а мешаната штафета на Норвешка е првиот носител на златен медал во дисциплината што го имаше Олимпиското деби.

Во мешаната штафета на 2 пати по 6 километри во женска и 2 пати по 7 и пол километри во машка кокуренција со 8 застанувања на стрелиштата Тора Бергер , Тирил Екоф , Оле Еинар Бјорндален и Емил Хегле Свендсен беа без конкуренција, со само две промашувања зад себе ги оставија 30 секунди Виткова, Сукалова , Соукуп и Моравец кои настапија за штафетата на Чешка и безмалку минута Виерер, Оберхофер, Виндиш и Хофер кои на Италија и ја донесоа бронзата. Франција беше меѓу фаворитите, но промашувањата на Абер и Бесконд ги оневозможија Беатрикс и Фуркад да фатат приклучок, па без оглед што немаше поголема неизвесност во финишот во битката за трофеите мешаната штафета покажа дека со право е на Олимписките игри и ќе понуди уште многу квалитетни натпревари.