Доделени наградите „Македонски квалитет 2017“

18.12.2017 15:04

Разумно управување со националните ресурси за унапредување на домашниот бизнис и зголемување на бројот на странски инвестиции во земјава- ова го изјави претседателот Иванов при доделувањето награди за квалитет за десет компании во земјава...

Компанија за ИТ-услуги и маркетинг, од телекомуникацискиот и од поштенскиот сектор, за трговија со зрнести производи, установа од секундарното здравство- дел од десетте наградени со признанието „Македонски квалитет 2017“.

Раст на домашните инвеститори во поволен амбиент, значи раст на вкупната економија, истакнаа од Сојузот на стопнаските комори на Македонија.

Претседателот на државата смета дека ако мудро управуваме со националните ресурси, ако ги унапредуваме домашните бизниси и истовремено вложуваме во одржливост и унапредување на странските инвестиции во земјата, ќе оствариме успех.

Некои од компаниите години наназад се успешни и на меѓународниот пазар.

 

Наташа Јанчиќ