Олимписки зимски игри - Сочи 2014

Сабликова побрза од Холанѓанките!

19.02.2014 23:29

Само Мартина Сабликова може да им се спротивстави на Холанѓанките. 26 – годишната чешка лизгачка е специјалист за долгите дисциплини и ја одбрани олимписката титула на 5 километри

За разлика од трката на 3000 метри на којашто во Ванкувер беше златна, а во Сочи сребрена, Сабликова не и дозволи на Ирене Вуст да биде побрза во маратонот во брзо лизгање. Холанѓанката беше побавна  за речиси три секунди, но е нејуспешната лизгачка со четири одличја, три сребра и едно злато.

Иако на залезот и без големи резултати во кариерата, изненади 35 – годишната претставничка на земјата на лалињата Кариен Клејбојкер го освои бронзениот медал со повеќе од четири секунди послабо време од Сабликова.

Доминацијата на Холандија во брзо лизгање се отсликува со 21 од 30-те медали во Сочи или вкупно 103 во историјата на Олимпијадите.