Почна судењето за обидот за убиство на Тодоров

18.12.2017 15:16

Судот го одби барањето на одбраната, а бранителката на обвинетиот приговорила за психијатриското вештачење, бидејќи според неа, повиканите вештаци немале соодветна лиценца.

Почна судењето за обидот за убиство на некогашниот министер, Тодоров. Адвокатката на обвинетиот Љупчо Стојановски побара изземање на судијката Лаличиќ, бидејќи била спомната во материјалите со прислушкувањето.

Судот го одби барањето на одбраната, а бранителката на обвинетиот приговорила за психијатриското вештачење, бидејќи според неа, повиканите вештаци немале соодветна лиценца.

Решено е судењето да продолжи на 21 јануари, а вештачењето да го направи Психијатриската болница во Бардовци.