Поголема транспартнтност за реформите во МВР

18.12.2017 15:39

Невладиниот сектор очекува поголема транспартнтност за реформите во МВР, а пред се за надзорот врз работата на Управата за безбедност и контраразузнавање. Има многу недоречености- велат невладините. Според МВР, земени се предвид досегашните законски пропусти на системот за следење на комуникацииите...

Невладиниот сектор бара поголема вклученост во контролата на комуникациите, но и транспарентност во спроведувањето на реформите во МВР. Сметаат дека предложениот модел е избрзан и содржи недоречености. Со ист став и од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Пратеникот Богоевски, пак, посочи дека е важно првиот човек на УБК да соработува со Комисијата за контрола. Смета дека е потребна и помош од стручни кадри.

Од МВР уверуваат дека при изготвувањето на моделот ги имале предвид аномалиите  што ги имал досега системот за следење на комуникацииите, но и препораките од Европа. Со меѓународни експерти се разговарало за моделот кој најмногу одговара.

Наскоро се очекува реформите во МВР да се разгледаат на владина седница, каде што треба да добијат зелено светло. Потоа следува дебата во Собранието. 

 

Наташа Гркова- Петрушевска