Партиите ја користат религијата во предизборните кампањи
Само мал дел од анкетираните, над 7 насто, се изјасниле дека религијата има пресудно влијание при определбата за кого ќе гласаат на изборите...

Партиите од албанскиот политички блок повеќе ја користеле религијата во кампањите отколку македонските партии, ова е генералниот заклучок од анкетата што ја спроведе Институтот за политички истражувања. Како што рече Владимир Божиновски, кај анкетираните само мал дел, над 7 насто, се изјасниле дека религијата има пресудно влијание при определбата за кого ќе гласаат на изборите.
Според Марјан Николовски, автор на анкетата, над половина од испитаниците потврдно одговориле дека партиите имаат влијание врз работата на верските заедници. Голем процент од граѓаните сметаат дека црквите и џамиите се користат како места за политичка агитација.
Анкетата е спроведена врз 1.100 испитаници во ноември годинава, со поддршка од германската фондација „Конрад Аденауер“.
Игор Панов
