Струмица доби пречистителна станица

18.12.2017 16:16

Финансирана е со пари од европските фондови. Станицата е изградена за една година и ќе придонесе во овој дел од земјата да се одгледуваат еколошки земјоделски производи.

Во Струмица е пуштена во употреба пречистителна станица за третман на отпадни води. Финансирана е со пари од европските фондови. Станицата е изградена за една година и ќе придонесе во овој дел од земјата да се одгледуваат еколошки земјоделски производи.

Проектот „Пречистителна станица“ е финансиран со средства од ЕУ, преку Оперативната програма за регионален развој. Премиерот истакна дека првично беше димензионирана на 10 милиони евра, а се завршува со 6,5 милиони евра, што, според него, кажува многу. Изградбата заврши во период од една година и станува збор за објект со модерна технологија каква што ја познава Европската унија, нешто во што Струмица е лидер кога станува збор за реализација на проекти со нови технологии и решенија, рече Заев.

Премиерот Заев потврди дека во завршна фаза се уште две пречистителни станици- во Кичево и во Радовиш кои ќе бидат пуштени во употреба идната година. Во тек е изградба и на пречистителна станица во Прилеп која ќе биде целосно изградена во мај 2018-та година.