Одземени лиценци на десет фирми за одржување на згради

18.12.2017 16:25

Ќе се менува Законот за домување- најави министерот Сугарески. Регулаторната комисија одзела 20-тина лиценци на фирми поради злоупотреби. Без потпис од станарите не смее да се одлеваат пари од фондот- велат од Групацијата. Ќе бараат државата да ги сервисира лифтовите стари 25 години...

Регулаторната комисија одзела десет лиценци на компании што работат на одржување на колетивните згради. Одлевање на пари од резервниот фонд без потписи на станарите, договори за услуги без најмалку две понуди, проблеми со испорака на фактурите. Министерството најави- со законски корекции ќе ги стега механизмите за да спречи злоупотреби. Членовите на Групацијата за домување се жалат на нелојална конкуренција и потешкоти во комуникацијата со ЕВН и јавните претоијатија. Предлагаат државата со субвенции да учествува во решавање на проблемот со лифтовите стари 25 години. Велат, ако почне да се применува европската регулатива, ниту еден од нив нема да добие дозвола за употреба.

„Знаеме дека лифтовите во ниеден случај не ги исполнуваат нормите согласно новите правилници. Поправките за нив се големи, а граѓаните немаат ниту доволно собрани средства во резервните фондови и не можат да одговарат на сумата која се движи од 3.000 до 10.000 евра. Предлагаме да учествува и државата со субвенционирање“, вели Васе Самарков, Групација за домување.

Проблемите од Групацијата за домување ги слушна министерот Сугаревски.

„Со измените на законот, ќе се зголеми контролата на работата на фирмите за домување со цел да се спречат натамошните злоупотреби и инспекциските служби ќе работат повеќе на лице место“, посочи  министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Сугарески вети- предлозите ќе бидат разгледани, законот ќе се менува, инспекциските служби ќе бидат поактивни на терен за да се спречат злоупотребите од фирмите.

 

Сузана Фиданска- Стоевска