Западен Балкан

2018-та клучна година за голем исчекор кон ЕУ

19.12.2017 10:17

Најважна новост за државите од Западен Балкан во 2017-та година беше најавувањето на стратегијата за проширување на Унијата. На средбите во Брисел беше констатирано дека сите држави од Западен Балкан треба да гледаат на оваа стратегија како на јасен сигнал кон нив за нивната европска перспектива...

Лидерите од регионот ја гледаат 2018-та како клучна година за голем исчекор на сите држави во пристапувањето кон ЕУ, но и за интензивирање на регионалната соработка со максимална поддршка на инструментите на ЕУ за оваа намена, беше нагласено на синоќешната средба на премиерите на земјите од Западен Балкан со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини во Брисел.

Најважна новост за државите од Западен Балкан во 2017-та година беше најавувањето на стратегијата за проширување на Унијата на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, која беше главна тема на дискусија.

На средбите беше констатирано дека сите држави од Западен Балкан треба да гледаат на оваа стратегија како на јасен сигнал кон нив за нивната европска перспектива. Секоја од државите од Западен Балкан треба да напредува на патот кон ЕУ врз основа на напредокот што го покажува во реформите во клучните области, напиша македонскиот премиер Зоран Заев на својот „Фејсбук“ профил, по средбата со Могерини.