Џафери во посета на Албанија

19.12.2017 10:22

Предвидено е претседателот на Собранието, Џафери да има средби со претседателот на Албанија Илир Мета, со претседателот на Албанскиот парламент Грамоз Ручи, вицепремиерот Сенида Меси и со лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша.

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот Талат Џафери, а во чиј состав се и пратениците Ејуп Алими, Бети Рабаџиевска-Наумовска и Реџеп Мемеди, од денеска престојува во тридневна посета на Република Албанија.

Предвидено е претседателот на Собранието, Џафери да има средби со претседателот на Албанија Илир Мета, со претседателот на Албанскиот парламент Грамоз Ручи, вицепремиерот Сенида Меси и со лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша.

Предвидено е последниот ден од посетата Џафери да го посети и Пустец, каде што ќе има средба со претставници на македонската заедница во Албанија.