Жртви во железничка несреќа во САД

19.12.2017 10:27

Седумдесетина луѓе се хоспитализирани, од кои многумина се во критична состојба. Локалните власти ги пребаруваат сите вагони така што очекуваат дека бројката на мртви ќе се зголемува.

Најмалку три лица загинаа откако патнички воз излета од шините и падна врз фреквентен автопат во Вашингтон. Седумдесетина луѓе се хоспитализирани, од кои многумина се во критична состојба. Локалните власти ги пребаруваат сите вагони така што очекуваат дека бројката на мртви ќе се зголемува.

„По многу години решив да одам со воз. Не очекував да се случи нешто лошо. Одеднаш почна да се тресе, го грабнав седиштето пред мене. Ми одлетаа лаптопот и мобилниот.“

Возот паднал врз седум возила, вклучувајќи и два камиона, но никој од патниците во нив не загина во несреќата. Сообраќал на релација Сиетл-Портланд, а контролата се губи на дел од пругата јужно од Такома која претходно се користела исклучиво за товарни возови.

Во тек е истрага за причината за инцидентот. Според претставниците на јавниот транспорт, дозволената брзина на кривината каде што се случила несреќата била 48 км/ч. „Асошиејтед прес“ тврди дека вебстраница која го следела движењето на возовите регистрирала брзина од 130 километри на час.