Доделување на наградата „Претприемач на годината“

19.12.2017 10:44

Денеска ќе бидат доделени наградите за најуспешните претприемачи од микро и мали претпријатија за 2017-та година...

На традиционалната манифестација „Претприемач на годината“ ќе бидат доделени наградите за најуспешните претприемачи од микро и мали претпријатија за 2017-та година.

Организатори на манифестацијата, што се одржува по 11-ти пат, се Сојузот на стопанските комори, Македонската развојна фондација за претпријатија и Стопанската комора на северозападна Македонија, а коорганизатор е Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење.